Актуелно

(ВИДЕО) 89 руски војници загинаа во украинскиот напад на Макиивка

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во украинскиот напад на Макиивка загинале 89 војници, а причината е неовластена употреба на мобилни телефони.

„Очигледно е дека главната причина за тоа што се случи е масовната употреба на мобилни телефони од страна на воениот персонал во опсегот на непријателско оружје, иако тоа е забрането“, се вели во соопштението на Министерството.

Сигналите на мобилните телефони и овозможија на украинската војска да ја одреди локацијата на голема концентрација на руски војници во Макиивка во источна Украина.

„Тој фактор му овозможи на непријателот да ги следи и одреди координатите на локацијата на војниците за ракетен напад“, соопшти Министерството.

Русија во понеделникот објави дека во нападот загинале 63 руски војници.

Руското Министерство соопшти дека зградата била погодена со четири проектили од американски лансери ХИМАРС, додавајќи дека „таваните на зградата се срушиле од детонацијата на ракетите ХИМАРС“.

На почеток