Свет

Кран се урна врз трговски центар

Најмалку едно лице е повредено, а едно се води како исчезнато откако градежен кран се урна врз трговски центар во Норвешка поради силниот ветер.

Портпаролот на полицијата Ебе Кимо за весникот VG изјави дека кранот, висок најмалку 50 метри, се урнал поради ветерот во трговски центар во Мелхус, јужно од Трондхајм, третиот по големина град во Норвешка.

Уривањето на кранот предизвикало оштетување на вториот кат од трговскиот центар, а пожарникарите го проверуваат објектот по останати луѓе, соопшти полицијата на Твитер.

Портпаролот на полицијата, Питер Холинген, изјави за новинарите дека полицијата користи кучиња и дрон во потрагата.

Кранот се наоѓал на градилиште во трговскиот центар, каде се работело на проширување на објектот.

Проширениот трговски центар треба да се отвори во две фази оваа година, се наведува на веб-страницата на објектот.

Според Норвешкиот метеоролошки институт, денеска над Норвешка е забележан силен ветер.

На почеток