Османи: Сторителот на нападот треба да биде изведен пред лицето на правдата
Од
Објавено на
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го осуди нападот врз српските момчиња кај Штрпце и им посака брзо закрепнување.
Како што јавија Репортери, таа изјавила дека нивната повреда е неприфатлива и дека сторителот на нападот треба да биде изведен пред лицето на правдата.
Османи додаде дека безбедносните агенции треба итно да се позанимаваат со случајот.