Свет

Денеска се гласа за визна либерализација на Косово

Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент денеска ќе гласа за визна либерализација на Косово.

„Гласање за предлогот на Парламентот за европски правила за гласање и статус на општинските избори во другите земји на ЕУ. Визна либерализација со Косово, трипартитен договор“, беше наведено на страницата на Комитетот на Твитер.

Холандскиот европратеник Тијс Ројтен исто така го најави гласањето.

„По долгоочекуваниот договор меѓу земјите-членки на ЕУ за визна либерализација за Косово, ќе го задржиме темпото во Европскиот парламент. Гласање во Комитетот овој четврток“, рече Ројтен.

Досега, Европскиот парламент имаше силна поддршка за визната либерализација за Косово.

Парламентот изврши притисок и врз земјите од Европската унија што поскоро да ја одобрат одлуката за укинување на визите за граѓаните на Косово, кои се единствените во регионот кои не можат да патуваат во ЕУ без визи.

На почеток