Македонија

Тале од Велес лажел дека е самохран татко, па со пари од донации се коцкал

Тале Витанов од Велес ја измами цела Македонија, а хуманоста на бројни добри луѓе е злоупотребена. Ова утрово се споделува на сите социјални мрежи.

Имено, револрирани граѓани велат дека ја откриле измамата овој велешанец за кој јавноста дозна до емисијата „Срце на дланка“.

Инфлуенсерката Миа Костова се огласи на фејсбук по повод овој случај. Вели донирала, но и побара одговорност од „Срце на дланка“.

-Апелов го објавивме мислам дека сите! Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка. Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен, го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето. Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно. Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи, а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни. Срамота! – напиша револтирано Миа.

На почеток