Тале од Велес му се јавил на Јанаки по изјавата дека сака да го гони за измама

Од
Објавено на

Адвокатот Јанаки Митровски најави тужба за измама за велешанецот Тале Витанов кој е во фокусот на јавноста поради тоа што лажно се претстави во емисијата „Срце на дланка“, па се собираа донации за да му се помогне.
-Преварантов од Велес би да го гонам за измама. Ако има заинтересирани кои донирале пишете ми, објави Митровски на Фејсбук.
За краток период во коментари доби поддршка, но и луѓе кои бараат одговорност и од новинарите на самата емисија.
По неколку часа, на Фејсбук повторно се огласи адвокатот Митровски.
„И со цел памет Трајче коцкарот ми се јави. Не ме личело, адвокат сум бил.“
– Може ли да ме сослушаш?, го прашал тој, по што добил одговор:
– Не – пишува познатиот адвокат
