Скопје

Директорот за пожарот во Паркови и зеленило: Се сомневам дека ова е резултат на вонредниот попис

Јас откако ми се јавија чуварските служби сум тука на лице место. Фала му на господ што нема некоја поголема штета, меѓутоа јас сум многу разочаран од овој обид за да се запалат овие простории. Јас како директор на Паркови и зеленило се сомневам дека ова е резултат на вонредниот попис што го направивме со надлежните и стручните луѓе во самиот магацин и констатирано е дека фалат материјали во магацинот во вредност од милион денари“, изјави директорот на Паркови и зеленило за Инфомакс

Тој додаде дека некој се обидел да го запали магацинот и архивата на претпријатието и дека криминалците сакале да ги покријат трагивоте на криминалот.

„Ние како раководство на Паркови и зеленило нема да застанеме тука, ќе одиме до крај, додека органите не разјаснат се, и нема да застанеме тука се додека криминалците не завршат каде што им е местото. Закани не сум имал, меѓутоа јас чекав да заврши редовниот законски попис за да можеме да покренеме судска постапка и да утврдиме што се работело и зошто фалат тие работи во магацинот. Исто така имаме камери, веројатно полицијата ќе ги земе сите овие материјали и ќе видиме на крај како ќе биде правата вистина на оваа ситуација“, додава тој.

To Top