Македонија

Богојески: По донесувањето на уставните измени ништо не е изгубено

Реформистот, Петар Богојески, кој до неодамна ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се додека не беше разрешен од партиското раководство во бранот исклучувања, по донесувањето на уставните измени вели дека ништо не е изгубено. Внимание предизвика неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде упатува дека државата можеби некогаш повторно ќе се нарекува Република Македонија. Богојески смета дека таква шанса е возможна само откако државата ќе стане рамноправна со своите соседи, овјави фокус.мк.

Според Богојески од самиот момент на потпишување на Преспанскиот договор било јасно дека е преголема работа, за да пропадне. Додава дека со интеграција во европското семејство, обединета Македонија станува реалност.

-Нема што да се прославува. Едноставно направена е голема историска отстапка, во интерес на подобра иднина. Сега е најважно да се мобилизираат сите капцитети на државата, надежта да се преточи во дело. Да се валоризира загубата. Следните 10 години не очекува тешка работа. Нека тој период помине успешно, за Македонија да добие рамноправна положба со своите соседи, особено со Грција. После тоа, историјата повторно ќе донесе нова шанса за исправка на историските неправди. Нашиот сон за Обединета Македонија ќе биде реалност во Обединета Европа – вели Богојески за „Фокус“.

Текстот во целост на фокус.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток