Свет

(ФОТО) Страшни сцени од местото на несреќата во Непал: „Во падот на патничкиот авион нема преживеани“

Патнички авион се урна во Непал, при што загинаа сите 72 патници и членови на екипажот, соопштија локалните власти.

Авионот „АТР 72“ на компанијата „Џети ерлајнс“ со 68 патници и четворица членови на екипажот се урна на летот од главниот град Катманду кон градот Покара.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот лета многу ниско само неколку моменти пред трагедијата. Локалните медиуми јавуваат дека авионот се урнал додека се обидувал да слета на меѓународниот аеродром Похара.

Портпаролот на армијата рече дека неколку стотици членови на спасувачките служби ја пребаруваат областа за жртви, пренесе Ројтерс.

Во авионот на непалската компанија Jeti Airlines имало 72 патници, од кои 10 странски државјани, изјави портпаролот на таа компанија. Руската амбасада во Непал соопшти дека, според досегашните податоци, во авионот имало четворица руски државјани.

Причината за несреќата се утврдува. Премиерот на Непал, Пушпа Камал Дахал денеска свика итен состанок на владата во врска со тешката авионска несреќа.

FOTO: TANJUG/AP

На почеток