(ВИДЕО) Снимен моментот пред падот на авионот во Непал
Авион со 72 лица, меѓу кои десет странски државјани, се урна утрово во Непал, соопштија армиските портпароли. Според локалните медиуми, во несреќата нема преживеани.
Државната телевизија објави дека на местото на несреќата на западот од земјата се пронајдени тела.
– Во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот – изјави за AFP портпаролот на аеродромот Сударсан Бартаула.
Меѓу патниците имало две мали деца и десет странски државјани, изјави Бартаула.
– Се уште не знаеме какво е нивното државјанство. Тоа се обидуваме да го утврдиме – рече тој.
Video of what seems to be moments before the crash of Yeti Airlines🇳🇵 ATR72 carrying 72 passengers near Pokhara Airport#aerowanderer #aviation #avgeek #nepal #yetiairlines pic.twitter.com/hk12Edlvpf
— Aerowanderer (@aerowanderer) January 15, 2023
Стотици луѓе ги пребаруваат ридовите на местото на несреќата. Во авионот АТР 72 на компанијата „Јети ерлајнс“ на летот од Катманду имало 72 лица. Државната телевизија на Хималаите покажа црн чад како извира од местото на несреќата и спасувачките екипи околу урнатините.
#Breaking
नेपाल में काठमांडू से पोखरा जा रहा येति एयरलाइंस का विमान दुर्घटनाग्रस्त, विमान पर 68 यात्री सवार थे।#Nepal #YetiAirLines pic.twitter.com/qTp7L3KyOI— Naval Kant Sinha | नवल कान्त सिन्हा (@navalkant) January 15, 2023
Авионските несреќи не се непознати во Непал, дом на осум од 14-те највисоки планини во светот, вклучувајќи го Еверест. Времето во таа земја може нагло да се промени и да создаде опасни услови за летање.