Македонија

Потпишан договорот со „Визер“, добивме уште 8 нови авиолинии

„На мое огромно задоволство го потпишавме Договорот со Визер. Граѓаните оваа година ќе добијат уште 8 нови авиолинии: од Охрид кон Малме, Милано, Мемингем и Дортмунд; а од Скопје кон Карлсруе, Бремен, Ларнака – Кипар и Турку – Финска, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по потпишувањето на договоот со претставници на авиокомпанијата „Визер“ .

Овој договор е за финансиска поддршка на евтини авиолинии по трет пат склучен помеѓу Македонскат Влада и авиокомпанијата. Според истиот на авиокомпанијт во нарендите три години треба да и бидат исплатени пет милиони евра.

Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.

Од Охрид ќе се лета кон Малме во Шведска, Милано во Италија и кон Меминген и Дортмунд во Германија. Од Охрид ќе се лета за 20 евра до Малме и Милано, меѓу новите осум авио-линии што ќе ги воведе „Виз ер“ како услов за субвенционирање на билетите од страна на државата.
Покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.
Билетите за Милано и Малме ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Од јули се очекува да бидат воспоставени двете линии од Охрид до Германија.

Летовите до Малме почнуваат на 18 март. До 13 септември, од охридскиот аеродром до Малме летовите се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела.

Летовите Охрид-Милано стартуваат на 19 март и ќе се реализираат два пати во неделата. До 30 март во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.

Летовите Охрид-Меминген ќе почнат да се реализираат од 1 јули и ќе бидат два пати во неделата, односно во петок и понеделник.
Летовите Охрид-Дортмунд стартуваат на 2 јули и ќе бидат во вторник и сабота.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток