Свет

Авион побарал помош, поради проблем со мотор

Авион на „Кантас ервејс“ од Нов Зеланд слета денеска на аеродромот во Сиднеј откако беше испратен сигнал за помош.

Авионот слетал поради проблем со еден од неговите мотори, пренесува Ројтерс.

Авионот „Боинг 737-800“, на лет од Окленд, испратил повик за помош додека летал над вода еден час од својата дестинација во Сиднеј, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Портпаролот додаде дека сигналот за помош, кој укажува на сериозна и непосредна опасност, бил намален на „потребна можна помош“ пред слетувањето.

Службите за итни случаи го пречекале авионот кога слетал во Сиднеј околу 15.30 часот по локално време.

„Квантас ервејс“ соопшти дека повеќе информации за инцидентот ќе бидат достапни кога нивните инженери ќе го прегледаат авионот, пренесе Ројтерс.

На почеток