Свет

Без оглед на оружјето што му го доставија на режимот, ние ќе го уништиме, вели Антонов

Вооружените сили на Русија нема да остават неодговорени напади на државната територија, вклучително и на Крим, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

Вака дипломатот реагираше на изјавите на западните политичари за брза испорака на модерни оклопни возила во Украина, како и на изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс за прифатливоста на употребата на американско оружје во нападите на Крим.

„Тоа мораше да стане очигледно за сите: без оглед на оружјето што Американците или НАТО му го доставија на режимот (на украинскиот претседател Володимир Зеленски), ние ќе го уништиме. Така беше за време на Втората светска војна, така ќе биде и сега“, рече Антонов.

Пумпањето на Украина со оружје, вклучително и американско, само ќе доведе до поголеми цивилни жртви, посочи амбасадорот, повикувајќи да се внимава на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за неможноста да се победи Русија.

„Забележуваме дека реториката на американските претставници станува се повоинствена. Изјавите на Стејт департментот, кои се далеку од реалноста, дека Крим е Украина и дека вооружените сили на Украина можат да користат американско оружје за да ја заштитат својата територија, всушност го туркаат режимот во Киев да изврши терористички акти во Русија“, рече Антонов.

Тој предупреди дека ризиците од ескалација на конфликтот во тој случај ќе станат уште поголеми.

„Коментаторите наивно веруваат дека Русија нема да одговори на нападите на нејзина територија“, заклучи Антонов.

Весникот „Њујорк тајмс“ објави, повикувајќи се на извори, дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден почнала да признава дека на Киев може да му бидат потребни дополнителни сили за напад на територијата на Крим, дури и ако овој чекор ги зголеми ризиците од ескалација, потсетува Спутник.

Изданието посочува дека до неодамна Белата куќа одбиваше да го снабдува Киев со оружје за напади врз цели на полуостровот, но дека „сега тој отпор се намалува“.

Како резултат на тоа, пишува Њујорк Тајмс, администрацијата размислува за еден од своите „најхрабри чекори“ да и помогне на Украина да го нападне полуостровот. Како можни средства за напад, САД разгледуваат неколку видови оружје, вклучувајќи ги Химарс и Бредли, но се воздржуваат од испорака на ракетни системи со долг дострел.

Изданието исто така наведува дека администрацијата на Бајден почнала да верува дека ако украинската армија и покаже на Русија дека контролата над Крим може да биде загрозена, тоа ќе ја зајакне позицијата на Киев во идните преговори.

На почеток