Македонија

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ може да ги бојкотира претседателските избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, за Алсат изјави дека опозицијата може да ги бојкотира претстојните претседателски избори во мај доколку Собранието не изгласа предвремени парламентарни избори.

За избор на претседател е потребен цензус од 40 отсто излезност и доколку опозицијата бојкотира шансите ќе бидат мошне големи да не се избере шеф на државата. Двегодишниот мандат на Ѓорѓе Уванов истекува, а на 3 февруари се очекува да се распишат изборите за нов претседател.

Јанушев изјави дека има неколку причини зошто опозицијата повикува на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Меѓу причините, Јанушев ги наведе уставните промени што ги смета за насилни и несоодветни, економските неуспеси и недостатокот на реформи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток