Актуелно

Шпионирале за Русите, сега ги чека долга затворска казна

Браќата со иранско потекло се осудени на долги затворски казни за шпионирање за Русија и нејзината воена разузнавачка служба ГРУ во последните 10 години.

Постариот брат Пејман Кија е осуден на доживотен затвор, а неговиот помал брат Пајам Кија на девет години и 10 месеци, пренесува АП.

Двајцата се обвинети дека работеле заедно за да и пренесат информации на Русија во периодот од 28 септември 2011 до 20 септември 2021 година, а Окружниот суд во Стокхолм рече дека Пејман Кија „бил движечката сила во нивното заедничко злосторство“, додека вмешаноста на Пајам Киа „била од релативно мало значење“.

Во образложението на доживотната казна, судот наведе дека постариот брат Кија „целосно разбирал дека неговите постапки имаат штетно дејство“ и дека „добивал, проследувал и открил информации до Русија, кои претставуваат главна закана за безбедноста на Шведска“.

На почеток