Актуелно

Протест за правата на Бугарите во Македонија

Членовите и симпатизерите на бугарското ВМРО денеска во 12 часот ќе протестираат пред зградата на Европската комисија во Софија во одбрана на правата на луѓето со бугарски идентитет во Северна Македонија, најави европратеникот од оваа партија, Ангел Џамбаски, пренесува БНР.

Тој инсистира на итна реакција на европските институции за, како што вели, систематското кршење на човековите права во земјава и инсистира на итен прекин на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Нападнатиот охриѓанец, вчера со владин авион на Бугарија беше пренесен од Охрид во Софија за понатамошно лекување. За случајот Бугарија упати и протестна нота до Северна Македонија. Нападот го осудија и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

 

На почеток