„Европската агенда треба по секоја цена да се протурка“, Таравари откри што му кажале од меѓународниот фактор
Европската агенда треба по секоја цена да се протурка. Вака Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците вели дека му било кажано кога се сретнал со меѓународни претставници. Тврди дека ниту една странска амбасада не се меѓа за Алијанса на Албанците да биде во Владата.
„Сме имале комуникација и ни е кажано дека европската агенда треба по секоја цена да се протурка. Ни кажаа дека не треба да се брза со избори. Ние и да сме во опозиција и да сме во Влада ќе гласаме за уставните измени. Нема фактор кој може да ни влијае за да биде одлучувачки иако сме разговарале со многу амбасади и политички партии“, кажа Таравари.
Тој додаде дека во одредени моменти е поважен обичниот граѓанин, наместо партијата.
„Треба да донесеме одлучи важни за државата и граѓаните кои живеат“, додаде Таравари.