Македонија

Денот „Д“: Таравари со партијата ќе каже дали влегува во Влада или ја прекинува оваа сага

Алијанса за Албанците на централно Собрание ќе разговара дали треба да влезе во Влада. Ова значи дека веќе денеска ќе знаат дали треба да ги продолжат преговорите. Таравари беше прашан дали е точно дека сакаат да превземат две министерства, а тој одговори: „Тоа се шпекулации, нема врска“.

„Денеска првпат ќе зборуваме дали вреди да се разговара на оваа тема или да се прекине и да продолжиме како опозиција. Нема конкретен предлог од Ковачевски. Да имаше ќе го разговаравме“, кажа Таравари.

За ресорите ќе се разговара откако сите ограноци на партијата ќе го кажат мислењето.

„Комисија ќе организира референдум во сите ограноци и да седне и да преговара дали да разговараме за ресорите. Ако не, овде ја прекинуваме. Има позитивни и негативни страни влезот во Влада“, додаде тој.

На почеток