Свет

(ВИДЕО) Голем пожар во Петроварадин, има починати

Страшен пожар избувна во Петроварадин. Според првичните информации се работи за напуштен објект кој порано бил дискотека.

На првиот кат беа пронајдени телата на двајца неидентификувани мажи кои загинаа во пожарот. Во дворот на зградата живее уште една жена, но не е повредена.

Полицијата изврши увид на лице место, а причината за пожарот ќе се утврдува подоцна.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, нивната екипа добила повик во 5:32 часот на адресата улица Рачко 79.

По пристигнувањето на местото на настанот пронајдени се две јагленосани тела на непознати лица. На лице место им била укажана помош на две жени на возраст од 67 и 43 години, кои имале стресна реакција.

Истрагата е во тек.

На почеток