Актуелно

Радев: Испраќањето воена помош за Украина може да предизвика глобален конфликт

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека сегашната воена помош за Украина може да предизвика глобален конфликт и повика на прекин на испораката на оружје за Киев.

Радев во интервју за радио Дарик предупреди дека снабдувањето со оружје на Киев значи дека, како што рече, пожарот се гаси со бензин и дека ќе има уште многу жртви.

Бугарскиот претседател посочи дека воената помош за Киев подразбира дека конфликтот мора да се води додека едната од страните не биде целосно поразена, што неминовно и постепено води до глобален конфликт и можност за нуклеарно самоуништување.

Радев истакна дека затоа неговата земја не треба да испраќа оружје за да го разгори конфликтот во Украина.

Бугарскиот претседател предупреди дека воениот конфликт во Украина станува се понасилен и води кон исцрпеност и глобална економска катастрофа.

На почеток