Актуелно

Руската државна телевизија во Франција се затвора поради блокирање на сметката

Францускиот огранок на руската државна телевизија РТ ќе биде затворен бидејќи сметките на телевизијата се блокирани, објави денеска на Твитер главната уредничка Ксенија Федорова.

– Сметките на ТВ каналот се замрзнати на барање на Генералниот директорат за трезор AFT при француското Министерство за економија и финансии – напиша Федорова, пренесе ТАСС.

Замрзнати се банкарските сметки на RT France, француската филијала на руската RT, која е суспендирана во ЕУ, соопштија денеска синдикатите на таа телевизија.

Медиумите објавија дека имотот на телевизијата е замрзнат како дел од спроведувањето на последните санкции на ЕУ против Русија, кои беа усвоени во декември, а не на иницијатива на француската држава.

Руските медиуми Спутник и РТ добија забрана за емитување во ЕУ од 2 март минатата година под обвинение за ширење дезинформации за конфликтот во Украина, а телевизиската програма, и покрај забраната, може да се гледа преку виртуелна приватна мрежа (ВПН), услуга која овозможува мрежа се користи при заобиколување на блокадата, јави ТАСС.

На почеток