Големо невреме во Црна Гора, без струја остана дел од Подгорица


Снежното невреме направи хаос во Црна Гора.
Поради невремето пропратено со силен ветер и обилни врнежи, вчера без електрична енергија останаа дел од Подгорица и другите општини, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).
Црногорскиот електродистрибутивен систем на својата Фејсбук страница напиша дека без струја останале и 35 киловолтните далноводи Дриенак – Манастир Морача и Плужине – Мратиње.
Летот на релација Подгорица – Виена вчера беше одложен, по повеќечасовно доцнење, за недела, 22 јануари, објавено е на веб-страницата на аеродромот во Црна Гора.
Неколку летови вчера и денес беа одложени или доцнеа поради лошото време во Црна Гора.
