Актуелно

Трамп доби дозвола да се врати на „Фејсбук” и „Инстаграм”

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби дозвола да се врати на социјалните платформи „Фејсбук” и „Инстаграм” од кои беше избркан поради инвазијата на неговите поддржувачи во Капитол во 2021 година.

Сметките на „Фејсбук” и „Инстаграм” на Трамп ќе бидат обновени „во наредните недели“, рече менаџерот на Мета во изјавата во средата.

Трамп веќе може да се врати на својот омилен Твитер откако мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.

„Наше општо правило е дека не сакаме да застанеме на патот на отворена, јавна и демократска дебата за платформите на Мета, особено во контекст на изборите во демократските општества како што се САД“, напиша претседателот за глобални прашања на компанијата, Ник Клег.

„На јавноста треба да и се дозволи да слушне што имаат да кажат нивните политичари – добро, лошо, грдо – за да можат луѓето да одлучат за кого да гласаат на изборите“, додаде Клег.

Мета го укина пристапот на Трамп до сметките на 6 јануари 2021 година, кога стотици поддржувачи на Трамп упаднаа во Капитол и нападнаа полицајци и пратеници додека Конгресот седеше да ги потврди изборните резултати.

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, тогаш изјави дека се плаши од можноста Трамп со својата реторика да предизвика ново насилство.

Мета најави дека ќе инсталира „нова заштита за да ја спречи злоупотребата“ во мрежата, а тоа вклучува и високи казни за прекршителите како Трамп, кој се соочува со двегодишна суспензија доколку ги прекрши правилата на компанијата, што значи и забрана за поттикнување насилство .

Не се знае дали Трамп, кој основаше сопствена социјална платформа минатиот февруари, некогаш повторно ќе објави на „Фејсбук” и „Инстаграм”.

Но, Трамп ја пофали одлуката на Мет на неговата мрежа Truth Social Life, пренесе Индекс.хр.

На почеток