Актуелно

Американски генерал: Најновото оружје што Украина ќе го добие од САД ќе предизвика паника во руските редови

Пензионираниот американски генерал-полковник Бен Хоџис во средата изјави дека оружјето што САД, наводно, наскоро ќе и го обезбедат на Украина, треба да предизвика паника во руските воени редови.

Политико објави дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден ќе објави нов пакет оружје за силите на украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела.

Ројтерс првпат објави кон крајот на ноември дека Пентагон размислува за одлука да испрати бомби со мал дијаметар во Украина.

Новинарите ги опишаа бомбите како евтини и може да се монтираат на проектили достапни во арсеналот на Украина.

Иако новиот американски пакет за оружје, наводно, ќе и обезбеди на Украина повеќе муниција и оклоп, тој не се очекува да вклучува тенкови.

Зеленски и другите украински официјални лица постојано бараа тенкови, но Пентагон рече дека верува дека на Украина и биле дадени доволно тенкови од други земји,пренесе Денес.рс.

На почеток