Свет

(ВИДЕО) Напад во црква во Шпанија, едно лице загина, четворица се повредени

Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во верски инспириран напад со мачета врз неколку цркви и парохии во центарот на шпанскиот град Алхесирас.

Убиен црковен работник, додека парохискиот свештеник на капелата Сан Исидро е тешко повреден, пренесува Мундо.

За нападот е осомничен Мароканецот И.К.(25), кој бил уапсен набргу по нападот.

Според извори од шпанската полиција, осомничениот И.К., вчера по 19 часот влегол во црквата Сан Исидро, во центарот на градот и започнал расправија со присутните парохијани, велејќи им дека треба да ја следат исламската вероисповед, пренесува Паис. .

Оттаму додаваат дека после тоа го напуштил местото, но околу 19 часот и 20 минути се вратил со „мачета и го нападнал свештеникот при што му нанел тешки повреди“.

Потоа отишол во црквата Ла Палма, на само 200 метри од првата, каде со катана смртно ранил работник во црквата.

Полицијата наведува дека уапсениот нема полициско досие и се наоѓа во канцелариите на Националната полиција на Алгесирас.

Оттаму додаваат дека се уште се анализираат мотивите за нападот и дали се работи за терористички напад.

Во меѓувреме, полицијата го опколи градскиот плоштад Плаза Алта, најцентралното место на општината Алгесирас каде се случи нападот, пренесува Мундо.

На почеток