(ВИДЕО) Единствениот начин да ги натераме Македонците да нè слушаат е да не го укинеме ветото, вели Трифонов
Бугарската партија Има таков народ (ИТН) и нејзиниот лидер Слави Трифонов побараа враќање на ветото за Македонија за прием во ЕУ.
„Цело време бевме против укинувањето на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што единствениот начин да ги натераме Македонците да нè слушаат е да не го укинеме ветото“, рече Слави Трифонов на прес-конференција.
Тој додава дека тоа е единствен начин да се запре антибугарската кампања.
„Само така може да се запре оваа антибугарска кампања, која се одвива кај нашиот сосед и веќе добива монструозни размери. Нашиот министер за надворешни работи беше опкружен од Националното собрание и од Кирил Петков, кој имаше свој министер за надворешни работи и неговата надворешна политика во однос на Северна Македонија. Тој беше апсолутно сигурен дека ова вето треба да падне и направи се што можеше за тоа. Немаме ништо заедничко“, смета Трифонов.