Актуелно

Новак Ѓоковиќ е шампион на Австралија опен и од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден

Новак Ѓоковиќ е шампион на Австралија опен и од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден.

Во денешното финале во Мелбурн, триесет и петгодишниот српски тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 во натпревар кој траеше два часа и 59 минути. Со оваа победа Ѓоковиќ го освои по десетти пат во кариерата трофејот на Грен-слем турнирот на Австралија опен. Новак со само еден загубен сет стигна до својата 22. Грен-слем титула и се изедначи со Рафаел Надал на првото место на вечната листа.

Со победата, рекордна 28. по ред во Мелбурн, против 11 години помладиот ривал Ѓоковиќ, обезбеди враќање на челната позиција на АТП листата.

Ѓоковиќ го забележа десеттиот последователен триумф против Циципас, односно единаесетти во 13. меѓусебен меч, а втор во финалето на Грен-слем.

На почеток