Свет

Б92: „Фајзер“ призна дека произведувала варијанти на корона кои не се лечат, за да тестира лек

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на корона вирусот отпорни на третман за да го тестира својот антивирусен лек, пишува Б92.рс

Во соопштението што го објавија на својата веб-страница, компанијата „Фајзер“ наведува дека не спровеле истражување за „добивање на функција“ – практика во која научниците го зголемуваат потенцијалот на вирусите.

Сепак, фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „спајк протеини“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот вид на Ковид за да тестира вакцини, а исто така создал мутации на вирусот за да го тестира Паксловид, антивирусен лек против Ковид-19.

„Во ограничен број случаи, таков вирус може да се конструира за да се овозможи проценка на антивирусната активност во клетките“, велат од компанијата, истакнувајќи дека процесот бил спроведен во безбедна лабораторија.

Тие додаваат дека имале за цел да создадат „отпорни соеви на вирусот“.

На почеток