Голем скандал ја тресе Русија: Во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ во кое се споменува и Кадиров
Според дел од украинските медиуми, голем скандал ја тресе Русија откако во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ, во кое се споменува и Кадиров.
Имено, во писмото до НТВ се наведува дека нивната новинарка кој била испратена да известува од украинскиот град Мелитопол била силувана.
Според Јутарњи лист, станува збор за новинарката Олга Зенкова, која важи за пропагандист на Путин.
Major scandal in Russia.
The TV presenter Olga Zenkova from NTV was sent to occupied Melitopol to record a propaganda piece.
While visiting a restaurant, Kadyrov’s nephew Hasan Ibrahimov and men from his unit walked up to her, beat up her camera man and then raped her. pic.twitter.com/csNvw1kaEi
— Visegrád 24 (@visegrad24) January 30, 2023
Таа отишла во Мелитопол, кој на почетокот на војната бил окупиран од Русите, да направи извештај, се посочува подоцна во текстот. Меѓутоа, како што се наведува, таа налетала на озлогласената чеченска бригада предводена од Хасан Ибрахимов, братучед на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.
Украинците пишуваат дека за овој страшен инцидент дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалба од НТВ, во која раководството на таа телевизија го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот.
Официјалниот документ бил испратен до шефот на тој Истражен комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискредитација на руската армија“.
Olga Zenkova de NTV fue enviada a Melitopol para grabar propaganda a favor de la invasion rusa a Ucrania. En un restaurante, el sobrino de Kadyrov Primer ministro de Chechenia, Hasan Ibrahimov, y hombres de su unidad, golpearon al camarógrafo y luego la violaron. pic.twitter.com/sEQ3pCvVgr
— Manuel Cornejo (@cornegdl) January 31, 2023