Актуелно

Почнува изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија

Прва лопата на бугарска територија на интерконекторот со Србија. На официјалната церемонија ќе присуствуваат претседателите на Бугарија и Србија Румен Радев и Александар Вучиќ.

Гасоводот е со вкупна должина од околу 170 километри – од градот Нови Искар до градот Ниш, Србија, од кои околу 62 километри се на бугарска територија. Планираниот капацитет на цевката е до 1,8 милијарди кубни метри гас годишно, со можност за пренос на природен гас во двете насоки.

Изградбата на српската патека започна пред една година. Се очекува се да биде готово до стартот на овогодинешната грејна сезона. За проектот се зборува 10 години, но неговата реализација дури сега е во тек.

На почеток