Непозната жена се обидела со автомобил да влезе во седиштето на ОН
Од
Објавено на
Неидентификувана жена се обидела денеска со автомобил да влезе во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кое е затворено за празниците.
„Жената неколку пати се обидела да влезе во седиштето на ОН со своето возило. Не успеала да влезе и немало никаква закана за ОН“, се вели во соопштението на прес-службата. Се додава дека реагирала и њујоршката полиција.
Од њујоршката полиција изјавија за ТАС С дека жената не се обидела намерно да ја пробие капијата.