Од ВМРО ДПМНЕ најавија декаќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски. Од партијата велат дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот Иванов, а со потпис на Џафери е противуставно.
ВМРО ДПМНЕ бараат Уставниот суд да пресече и оцени дали објавувањето на законот за јазици е според Уставот. Повикуваат и на бојкот на законот.