Коментари

Димовски револтиран од коментарите за судијата Ставрев: „Смртта изгледа како подобра варијанта отколку животот во опкружување на ваква живина“

„Да дава господ да влечел нога овој проклет“, „Еј сега ќе си во пеколот, повикај ги и сите колеги“, се само дел од коментарите под објавата на веста дека починал судијата Огнен Ставрев.

Обвинителот Војо Димоски на социјалните мрежи реагираше на коментарите кои се оставени од граѓаните.

„Покојниот судија Ставрев не го познавав ни лично, ни професионално и не е мое да го ценам како судија и како човек. Можам само да речам: Бог да го прости и да го насели каде што почиваат праведниците.

Ама видете ги коментарите под објавата на Сител.

Стоката која зела да коментира нешто што е неминовно за секој од нас што се родил, а тоа е смртта. Со таква стока дишиме ист воздух. Смртта изгледа како подобра варијанта отколку животот во опкружување на таква живина“, вели тој.

На почеток