Коментари

Димоски за Стојанов: Овој третокласен бугарски агент, се расфрла со пари во обид да купи се што е македонско, но добива корпа

Бугарската „Фондација Македонија“ планира да инвестира голема сума на средства во пет нови медиуми во Македонија. Организацијата планира да отвори и ТВ-студио во кое ќе се снимаат видеа, подкасти и интервјуа кои ќе се емитуваат само на интернет платформите. Планирани се и портали за здрава храна и за спорт.

„Овој третокласен бугарски агент, се расфрла наоколу со пари на бугарските даночни обврзници во обид да купи се што е македонско. Се разбира во допир со нормални луѓе добива корпа како во случајот со ФК Вардар. Арно ама успева кај оние полесни на пара, но и желни за слава од овој свет. Така пред извесно време ги примиле неговите триесет сребреници во еден македонски манастир и сега примателите се мачат да исткаат нов идентитет спојувајќи ги неспоивите ромејски и бугарски идентитети. Наше е да ги разобличиме и да се молиме на Духот Свет да си ја сочува Црквата единствена и неосквернета“, вели поранешниот обвинител Војо Димоски.

На почеток