Свет

Стојанов очекува тензии на 4 мај – годишнината од смртта на Гоце Делчев

Основачот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов ја обвини нашата земја дека „одлучила на 4 февруари да ја скрати секоја можност за заедничко чествување на Гоце Делчев, па дури и на ниво на граѓани“.

Стојанов, на кого од претходно му е забранет влез во Македонија, порачува дека „на 4-ти мај, кога се одбележува годишнината од смртта на Гоце Делчев, ќе бидеме сведоци на потполно истото однесување“.

-Ова однесување не е случајно, тоа е системско и ќе продолжи. Бугарите што беа вратени беа повеќе од 60, на преминот Гуешево – Деве Баир“, додаде Стојанов во интервју за „БНР.

Според него, Македонија ги прекршува сите заложби за евроинтеграциите „кои се во апсолутен застој“.

-Нека се види во Европа каква земја е кандидат за официјална членка. Проблемот не е само поврзан со нивната евроинтеграција, што очигледно нема да се случи“, прокоментирал Стојанов и посочил дека продолжива да добива закани.

На почеток