Ковачки: На 8 и 10 август пред 22 години се случија масакрите кај Карпалак и Љуботенски бачила, за што загинаа?
Денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
За што загинаа?
На 8 и 10 август пред 22 години се случија масакрите кај Карпалак и Љуботенски бачила. Македонија тогаш загуби 18 свои бранители, а над 10 беа ранети. За траумите на нивните семејства не може никој да пишува, затоа што тие најдобро знаат низ каков пекол поминуваат до ден денешен, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но тоа за што може да пишуваме е маглата и нејаснотијата, односно за причините поради кои загинаа тие млади момчиња. Токму преку негрижата на државата кон нивните семејства се добива одговор за тие причини.
Ако судиме по постапките од минатите 7 години, ценам дека не е далеку денот кога денешните властодршци-распродавачи на се’ што е македонско, ќе го постават и прашањето во исправноста на борбата на македонските бранители и ќе ја релативизираат и сквернават нивната жртва.
А што друго да очекуваме од Премиерот кој деновиве повикува на национално обединување, а кој во 2001 одбил да ја брани својата држава, вадел лекарски уверенија и фингирал болест за да се спаси само затоа што бил син на градоначалник и за него не важеле правилата за регрутација како и за “обичните” граѓани?
Или можеби и тогаш и сега истиот имал дилема околу исправноста на борбата?
*За потсетување, пред некој месец во Собранието пратениците на СДС и ДУИ гласаа против усвојување на законот за обештетување на дел од семјествата и воените инвалиди кои не се обештетени и 22 години потоа, со што уште еднаш се докажа дека газда во државата е ДУИ, бидејќи за усвојување на Законот беа доволни гласовите на СДС и Законот можеше да се донесе и без ДУИ.
**Сериозна држава мора да си го почитува минатото и мора да ги вреднува жртвите кои паднале за нејзината слобода.
Нека им е вечна слава на паднатите за Македонија“, вели Ковачки.