Актуелно

(ВИДЕО) Прогласена вонредна состојба во Сирија, бројот на загинати се искачи на 237

Белите шлемови објавија соопштение во кое прогласија вонредна состојба во северозападна Сирија по земјотресот. „Земјотресот резултираше со стотици повредени, десетици загинати и луѓе заглавени во зимскиот студ. Неповолните временски услови, вклучително и ниските температури и бурното време, ја влошија тешката ситуација“, се вели во соопштението.

Групата апелира до меѓународните хуманитарни организации итно да интервенираат и да пружат помош на ранливото население.

Бројот на загинати во Сирија се искачи на 237, а 639 се повредени, јави сириската државна новинска агенција САНА, цитирајќи официјален претставник на Министерството за здравство. Официјалниот број на загинати низ Турција и Сирија сега е повеќе од 300, со речиси 2.000 повредени.

Лошото време може да го отежне потврдувањето на жртвите, пишува Ал Џезира.

„Летовите од Истанбул и Анкара кон Источна Турција се прекинати поради ветер, дожд и снег во Истанбул и силна снежна бура во Анкара. Не е лесно да се стигне до погодените области. Снежна бура има и во Газиантеп, дожд во Караманмарас. Луѓето стојат надвор и се плашат да не се вратат во нивните згради“, наведуваат тие.

На почеток