Свет

Бајден одобри итна помош за Турција

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека неговата администрација тесно соработува со официјална Анкара, за да може Вашингтон најитно и најефикасно да одговори на последиците од разорниот земјотрес што утринава ги погоди Турција и Сирија.

Бајден рече дека американските тимови брзо се распоредуваат за да започнат со поддршка на турските напори за пребарување и спасување, објави Ројтерс.

„Тимовите на теренот мора итно да ги решат потребите на повредените и раселените по земјотресот“, рече претседателот во изјавата објавена од Белата куќа.

На почеток