Актуелно

Плановите на Западот да ја изолира и опколи Русија пропаднаа, вели Лавров

Плановите на Западот да ја изолира и опколи Русија со санитарен кордон пропаднаа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Без оглед на антируската хистерија што ја започнаа Вашингтон, Лондон и Брисел, ние ги зајакнуваме добрососедските односи во најширока смисла на зборот со многу земји – Евроазија, азиско-пацифичкиот регион, Блискиот исток, Африка, Латинска Америка, кои првенствено се водат од нивните национални интереси, рече Лавров.

Ниту една закана како одговор на одлуките донесени од Русија нема да влијае на нејзините активности, истакна министерот.

Москва ќе ги запре овие закани, заклучи Лавров.

На почеток