Свет

ОН бара итен прекин на огнот во Сирија

Високиот комесаријат за човекови права на ОН денеска побара итен прекин на огнот во Сирија за да се олесни испораката на помош за настраданите од земјотресот што опустоши дел од земјата на почетокот на неделата.

Фолкер Турк повика на итен прекин на огнот во Сирија и целосно почитување на човековите права и обврските од хуманитарното право, за да може помошта да стигне до сите, објави високиот комесар на ОН во твит.

„Во овој страшен период за Турција и Сирија, повикуваме на итна испорака на помош за сите на кои им е потребна“, соопштија од Комесаријатот.

На почеток