Актуелно

Германија: „Не се работи за играчки, туку за тешка воена опрема“

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска повика на претпазливост кога станува збор за западната испорака на оружје во Украина.

Бербок рече дека „не се работи за играчки, туку за тешка воена опрема“, пренесе „Велт“.

Бербок додаде дека одлуката за испорака на оружје во Киев била тешка. „Затоа е важно работите да се одмеруваат внимателно одново и одново. Сепак, мора да се размисли и што ќе се случи ако Украина не може да се одбрани“, рече Бербок за „Тагесшпигел“.

На прашањето за можна испорака на борбени авиони во Киев, Бербок рече дека таква дебата не се води во Германија.

„Важно е досегашните одлуки брзо да се спроведат“, посочи таа.

Таа признала и дека направила грешка кога на крајот на јануари изјавила дека „Европа е во војна со Русија“.

„Тој што работи греши“, вели Бербок.

На почеток