Свет

(ВИДЕО) Циклонот „Габриел“ се приближува кон Нов Зеланд

Жителите на најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд и околината добија предупредување да се подготват за силен дожд, поплави и бурни ветрови.

Циклонот „Габриел“ се приближува до брегот на таа островска земја.

Невремето моментално се наоѓа на 250 километри северозападно од Нов Зеланд и се прогнозира дека ќе се приближи до источниот брег во следните 24 часа.

Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс денеска најави дека ќе биде доделен пакет помош од 7,25 милиони долари за населението погодено од поплавите.

Многу училишта и објекти на локалната самоуправа во и околу Окленд се затворени денеска, а вонредна состојба е на сила во Окленд и најмалку пет други региони.

46.000 домови се без струја, а ветрот дувал покриви и корнел дрвја, додека јавниот превоз бил во прекин, а 509 летови се откажани, објави Ројтерс.

Окленд и околните области беа погодени од рекордни врнежи минатиот месец, што предизвика поплави во кои загинаа четири лица.

На почеток