Свет

Американската амбасадорка го повика Советот за безбедност на ОН да одобри повеќе пристапни точки за помош за Сирија

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд го повика Советот за безбедност на ОН да одобри две дополнителни пристапни точки за испорака на помош до делови од Сирија погодени од разорниот земјотрес минатата недела, јавува Си-Ен-Ен.

„Луѓето во погодените области сметаат на нас. Тие апелираат за нашата заедничка хуманост и помош во нивното време на потреба. Не можеме да ги изневериме“, рече Томас-Гринфилд во соопштението.

На почеток