Актуелно

Членовите од бендот се простија од нивниот пријател кој падна од зграда во Центар

Момче и девојка пред два дена паднале од зграда на булеварот Климент Охридски во Центар. Министерството за внатрешни работи соопшти дека момчето го загубило животот, а девојката со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

На социјалните мрежи беше објавено дека момчето кое трагично го загуби животот е Филип кој бил дел од групата Undone. Неговите пријатели се простија од него на официјалната страна на бендот на фејсбук.

„RIP Filip најпрекрасната личност, еден од столбовите на Undone, кој е со нас уште пред да почнеме Undone и ALL the way, деновиве работеше на ново видео за The War On Love од нашиот нов епип во кој се заљуби. правејќи музика заедно, многу многу неверојатни анимации и видеа што ги направил на толку многу од песните, корити што ги дизајнирал за албу Филип замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде. Вистински херој. Како што вели Дарко – Вечно ќе те држиме внатре… нека“, напишаа во пораката.

На почеток