Нов земјотрес во Турција
Од
Објавено на
Тлото не се смирува во Турција. Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во областа Гоксун, кај Кахраманмарас.
На 6 февруари областа беше погодена од два разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,9 степени според Рихтеровата скала.
Бројот на жртвите од земјотресот надмина 41.000 во Турција и Сирија, објави Ројтерс.
„Се соочуваме со една од најголемите катастрофи, не само во нашата земја, туку и во историјата на човештвото“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара.