Италијанскиот суд денеска ќе донесе пресуда: На Берлускони му се заканува казна затвор од шест години?
Италијанскиот суд денеска ќе ја донесе пресудата во судскиот процес против поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Според обвинението, Берлускони (86) подмитувал гости да сведочат лажно на претходното судење во кое поранешниот италијански премиер беше обвинет дека платил за секс со егзотичната танчерка Карима ел Махгрух, попозната како Руби „крадецот на срцата“, која тогаш имал 17 години, пренесува Ројтерс.
Обвинителот бара шест години затвор за Берлускони, а тој ги отфрла овие обвиненија и тврди дека е жртва на долгогодишен заговор на судиите да го отстранат од политиката.
Партијата на Берлускони Напред Италија (Форца Италија) е клучен дел од италијанската владејачка коалиција предводена од премиерот Џорџија Мелони.
Доколку Берлускони денеска биде прогласен за виновен, извесно е дека ќе се жали на пресудата и ќе остане пратеник до донесување на конечната пресуда.
Влијанието на оваа пресуда врз стабилноста на италијанската влада нема да биде големо.