Боки 13 најавува бомба од невидени размери


Во сите медиумски редакции пристигна мејл од правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13, кое, како што пишува во соопштението се однесува на предметото „Рекет“.
Во кусото и штуро соопштение најавуваат дека утре ќе обелоденат скандал од, како што велат, невидени размери.
„Утре на ден 17 февруари 2023 година ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекари Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази“, се вели во соопштението од правниот тим на Бојан Јовановски“.
Останува да видиме од какви размери е „бомбата“ што за утре ја најавуваат.
