(ВИДЕО) Турција: Момче извлечено живо од под урнатините по 260 часа
Уште едно чудо се случи во Турција, откако момче (12) беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, провинцијата Хатај, 260 часа по разорните земјотреси што во понеделникот минатата недела ги погодија јужните делови на Турција, јавува Анадолија.
Екипите за пребарување и спасување од под урнатините на зграда во населбата Екинци извлекоа момче Осман Халебија, странски државјанин.
Тој беше извлечен жив од урнатините 260 часа или речиси 11 дена по разорните земјотреси.
По спасувачката акција малото момче со возило на Брза помош било пренесено во болница.
Малку порано Анадолија објави дека во провинцијата Караманмараш била извлечена жена (42), која преживеала 257 часа под урнатините.
Според последните податоци, во разорниот земјотрес во Турција загинале 38.044 лица.
260. saat…
Bir mucize kurtuluş daha…12 yaşındaki erkek çocuk enkazdan kurtarıldı.
Biriz Beraberiz 🇹🇷#deprem#PolisAramaKurtarma#PAK
📍Hatay pic.twitter.com/fo5J0ng89F
— Türk Polis Teşkilatı (@EmniyetGM) February 16, 2023