Свет

Уапсени татко и мајка под сомнение дека до смрт претепале мало девојче

Полицијата во Зајечар, Србија, уапсила мајка и татко под сомнение дека до смрт ја претепале нивната ќерка (2), дознава „Телеграф.рс“.

Двегодишно девојче синоќа починало откако било претепано во болница во Зајечар.

Вишото јавно обвинителство во Заечар и полицијата случајот го окарактеризираа како убиство. Неофицијално, детето било примено во болница во тешка состојба со повреди опасни по живот, но набрзо починало.

Веднаш е наредена обдукција. Девојчето го донела нејзината мајка, која ќе биде сослушана во текот на денот. Истрагата е во тек.

На почеток