Свет

Нов земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Романија.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од Таргу Жиу, недалеку од границата со Србија, на длабочина од еден километар, според проценките на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Истото подрачје минатата недела беше погодено од серија умерени земјотреси.

Според сведоштвата на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил силно почувствуван, но не траел долго.

На почеток